На 25.06.2019 година во 09:40 часот на Граничен премин Јажинце, при контрола на патничко возило „Фолксваген Голф“ со косовски национални ознаки, што го управувал Л.П.(53) од Косово, било констатирано дека серискиот број на возилото бил фалсификуван.
Л.П. бил приведен и лишен од слобода, а возилото било одземено.
Подоцна, тој бил предаден во СВР Тетово за понатамошна постапка.