петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Ковид-19: Казни за 845 лица за неносење на заштитна маска

Ковид-19: Казни за 845 лица за неносење на заштитна маска

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека на територија на целата држава во изминатото деноноќие се регистрирани 845 прекршоци на неносење на заштитна маска, една од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Во последните 24 часа, истакнуваат од таму, се издадени решенија за изолација на 217 лицa, а 63 лицa потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници биле извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што се констатирани три случаи на непочитување на мерките.