недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Крадец-баксуз во Скопје: Влегол во подрум, не одзел ништо, па го уапсиле

Крадец-баксуз во Скопје: Влегол во подрум, не одзел ништо, па го уапсиле

На ул.„Никола Малишевски“ во Скопје, вчера околу 20:00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.М.(24) од Скопје.

Непосредно пред тоа, тој со употреба на сила и подесен алат влегол во подрумски простории во зграда на наведената улица, извршил претурање, но не одзел ништо.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.