среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Крадец фатен на дело: Наместо “плен“ доби лисици на раце

Крадец фатен на дело: Наместо “плен“ доби лисици на раце

Денеска (19.11.2022) во полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ц.Ѓ.(39) од Скопје.

Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од  угостителски објект на подрачјето на Аеродром. Притоа било констатирано дека лицето се бара и по распишан локален распис.

Ц.Ѓ. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.