среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Крадец во Куманово фатен на дело, еве со што ќе се соочи

Крадец во Куманово фатен на дело, еве со што ќе се соочи

На 17.05.2023 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Б.(55) од село Младо Нагоричане, општина Старо Нагоричане.

Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од поранешен угостителски објект во населба Карпош во Куманово.

Исто така, тој се сомничи дека изминатиов месец извршил три кражби при што одзел предмети и пари.

З.Б. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.