вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава поради тутун без контролни марки: Внимавајте, ви го продаваат со овие натписи

Кривична пријава поради тутун без контролни марки: Внимавајте, ви го продаваат со овие натписи

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Е.Ј.(20) од село Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „избегнување на плаќање акциза“, казниво по член 279-б од Кривичниот законик.

На 01.07.2019 година, при контрола на патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициските службеници пронашле и одзеле 100 кутии сецкан тутун со натпис „GREECE SUPER KAMELIA VIRGINIA“ и 100 кутии сецкан тутун со натпис „GREECE TOBACCO VIRGINIA“, или вкупно 120 килограми сецкан тутун без контролни марки.

На тој начин пријавениот избегнал плаќање на акциза на која е обврзан со Законот за акцизите.