четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава против маж од скопско – ја злоупотребувал дозволата од работа за движење во полициски час

Кривична пријава против маж од скопско – ја злоупотребувал дозволата од работа за движење во полициски час
фотоилустарција

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.А.(35) од с.Радуша, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 07.04.2021 во 22.50 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот во с.Октиси, струшко и при извршената контрола тој приложил дозвола за движење која му важела само за одење до и од работа, но не и за времето во кое бил затекнат.

На тој начин тој ја прекршил забраната за движење определена со одлука на Влада на Република Македонија.