Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н.(29) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, казниво по чл.268 ст.1 од Кривичниот законик.
Имено, пријавениот прибавил една фалсификувана банкнота од 500 евра, која на 09.09.2022 ја употребил како вистинска, пуштајќи ја во оптек во казино на подрачјето на Кисела Вода.