Единицата за економски и компјутерски и криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”.
-Пријавената, во текот на 2021 година примила 43.532 евра преку брз трансфер, но не го пријавила приходот и не поднела задолжителна даночна пријава до Управата за јавни приходи. На тој начин таа избегнала да плати данок на личен доход во износ од 10% од вкупниот остварен доход или 267.721 денар, а за што била законски обврзана, инфомира МВР.
Со ваквото дејствие таа го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија за износ од 267.721 денар.