СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.А. (61) од Скопје за сторено кривично дело ,,Бесправно градење” по чл.244-а од КЗ.
Пријавениот започнал со градежни активности на парцела во општина Гази Баба, без да поседува Одобрение за градење издадено од надлежен орган во согласност со чл.56 ст.1 од Законот за градење.