вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за дилер од Дебар

Кривична пријава за дилер од Дебар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Х.(33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 21.06.2022 на автопатот Тетово-Гостивар, пријавениот продал марихуана на две лица од Гостивар и гостиварско, по што бил фатен и лишен од слобода, а подоцна и спроведен до Основното јавно обвинителство Гостивар каде му била одредена мерка притвор.