среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за физичко и правно лице од виничко

Кривична пријава за физичко и правно лице од виничко

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Л.Р.(39), Р.Р.(66) и правно лице, сите од село Трсино, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

На 10.01.2022, второпријавениот без соодветна документација вршел јавен превоз со патничко возило, сопственост на првопријавениот, кој е и управител на пријавеното правно лице.