понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за крадец од Радовишко кој крадел од манастири и црква

Кривична пријава за крадец од Радовишко кој крадел од манастири и црква

Полицијата му поднесе кривична пријава на Д.А.(53) од село Воиславци, радовишко, за кражби извршени во манастири и црква во близина на неговото село.

Според информацијата од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, осомничениот кражбите ги извршил во периодот од октомври лани до август годинава.

-Тој се сомничи за пет кривични дела „тешка кражба“ извршени во два манастири и една црква во близина на селото Воиславци. Од објектите најчесто крадел парични средства и други предмети кои биле оставани во верските објекти, изјави за МИА, Трајанова.

Кривичната пријава ја поднело Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во овој град.