петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за малолетници од кумановско, уценувале и земале многу пари

Кривична пријава за малолетници од кумановско, уценувале и земале многу пари

Секторот за внатрешни рабооти  Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Отља, кумановско и уште еден 16 годишен малолетник од село Слупчане, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ во врска со кривично дело „соучесништво“.

Во периодот од јули до септември 2018 година пријавените преку комуникација на социјална мрежа со  закана дека ќе објават фотографии со невистинита содржина, оштетената ја принудиле да им даде поголема сума на парични средства, со што се стекнале со противправна имотна корист од 360.000 денари.