Охриѓанецот Р.Д.(45) на 4 април 2019 година на социјалната мрежа ,,Фејсбук”, преку неговиот профил ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што промовирал и поттикнувал омраза, по што СВР Охрид му поднесе соодветна кривична пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, на 4 април 2019 година на социјалната мрежа ,,Фејсбук”, преку неговиот профил ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација или насилство, кон одредена група, претставници на една политичка партија.