Полициска станица Делчево поднесе кривична пријава против Б.Ј.(24) од Делчево, за сторено кривично дело „разбојништво”.
На 26.11.2018 година во 05:45 часот во Делчево, на паркинг просторот на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин” пријавениот со употреба на физичка сила извршил разбојништво над 25 годишен такси возач од Делчево, при што му одзел 5.000 денари.