Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.(58) од село Вејце поради основано сомнение за сторени кривични дела “убиство во обид“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи “, информираат од МВР.
Од полицијата велат дека на 25 јули годинава во Тетово на улица „29-ти Ноември“ по претходна вербална расправија пријавениот од пиштол, испукал куршум кон И.М.(52) од село Џепчиште.