вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична за момче од Куманово кој на Фејсбук објавувал компромитирачки слики од поранешната девојка

Кривична за момче од Куманово кој на Фејсбук објавувал компромитирачки слики од поранешната девојка

Седумнаестгодишен кумановец по прекинувањето на љубовна врска со 15 годишно девојче, креирал лажен профил на Фејсбук и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката.

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(17) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Пријавениот, по прекината љубовна врска со 15 годишна малолетничка, креирал лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката, се наведува во соопштението на СВР Куманово.