недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична за Турчин, возел автобус низ Македонија со фалсификуван меѓународен зелен картон

Кривична за Турчин, возел автобус низ Македонија со фалсификуван меѓународен зелен картон

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријави против Ј.К.(54) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 11.06.2023 на патот Куманово – Крива Паланка, полициски службеници извршиле контрола на автобус со турски национални ознаки, при што пријавениот приложил фалсификуван меѓународен зелен картон за осигурување на автобусот.