недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривични пријави за лица од охридско и струшко: Вршеле превоз на патници со автобуси, а немале лиценци

Кривични пријави за лица од охридско и струшко: Вршеле превоз на патници со автобуси, а немале лиценци

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и Б.Р.(59) од с.Куратица, охридско, вработен во правното лице како возач, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 02.03.2022 кај с.Подмоље, на стариот пат Охрид–Струга, при контрола бил затекнат пријавениот како управува автобус, сопственост на правното лице, односно како врши превоз на патници без лиценца за превоз на патници.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и Б.Ј.(35) од с.Куратица, охридско, вработен во правното лице како возач, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 04.03.2022 на ул.„15 Корпус“, при контрола, бил затекнат пријавениот како управува автобус, сопственост на правното лице, односно како врши превоз на патници без лиценца за превоз на патници.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и И.Б.(61) од с.Мислодежда, струшко, вработен во правното лице како возач, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување на лиценца“. На 08.03.2022 на ул.„Гоце Делчев“, при контрола, пријавениот бил затекнат како управува автобус, сопственост на правното лице, односно како врши превоз на патници без лиценца за превоз на патници со конкретното возило.