Полициски службеници од СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал и Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи по добиена оперативна информација дека на две локации во Скопје незаконски се организираат игри на среќа што се забранети, по претходно обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд, денеска извршија претреси во објекти на ул. Ѓорѓи Димитров и ул. Костурски херои.
При претресите затекнати се повеќе лица, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела по чл.398 ,,комар” и кривични дела ,,непостапување според здраствените прописи за време на епидемија” по чл 206 од Кривичниот законик.