СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(42) од Охрид и против правно лице со седиште во с.Косел, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Првопријавениот, сопственик и управител на правното лице, на имот на катастарска парцела во Охрид, спротивно на Законот за градење, без да поседува одобрение за градење извршил доградба на деловен простор на државно земјиште, што било утврдено на 05.04.2023 од овластен градежен инспектор при општина Охрид.