вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Крвав инцидент во автобус на ЈСП: Малолетник избоден во 22-ка синоќа, итно пренесен во болница

Крвав инцидент во автобус на ЈСП: Малолетник избоден во 22-ка синоќа, итно пренесен во болница
ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА

Синоќа околу 23,15 часот во  Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека во Автобус на ЈСП бр.22, кој сообраќал на релација Центар –Волково, во близина на Поликлиниката – Ѓорче Петров, по претходна вербална расправија на две групи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.

Од МВР информираат дека лицето Н.М. (17) од Скопје се здобил со телесни повреди нанесени со нож (две посекотини на десната нога) по што е пренесен во болницата “8-ми Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштен дома. Потоа Н.М. отишол во полициска станица и дал изјава за настанот.

Две лица се приведени во Полициска станица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.