Крвава драма меѓу соседи во која едно лице е повредено се случила вчера околу 13 часот во скопско Драчево.
-У.И. (54) пријавил дека истиот ден околу 13 часот додека го паркирал неговото товарно моторно возило на тротоарот пред куќата на неговиот сосед З.Ј. излегол соседот и му рекол да го тргне возилото бидејќи ќе му ги исечел гумите. У.И., според пријавата, се упатил во неговиот двор, а по кратко време З.Ј. излегол од домот и се упатил кон товарното моторно возило, при што У.И. го видел и сакал да го спречи, а по него тргнал и неговиот син А.И, информираат од МВР.
Кога У.И. се доближил до З.Ј., истиот од задниот дел на половината извадил нож со кој замавнал кон него и успеал со ножот да го исече во пределот на левата страна од градите.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.