СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 13.07.2019 на ул. „15 – ти Мај“ во Куманово пријавениот од својот дом со воздушна пушка испукал во правец кон куќата сопственост на С.П., при што направил оштетување на фасадата од куќата, а потоа упатил закани по животот и семејството на С.П.