На 27.08.2020 во 10,00 часот во СВР-Куманово, А.Е. од Куманово, пријавил дека во неговата викендица која се наоѓала на место викано „Менкова Колиба“ забележал експлозивна направа.
Од страна на полициски службеници од СВР-Куманово и пиротехничар било излезено на местото, при што било констатирано дека се работи за рачен ракетен фрлач најверојатно од 2001 година и истиот бил безбедно подигнат за понатамошна постапка.