Кумановец пронашол граната од Втората светска војна, соопшти денеска СВР Куманово. А. М. пријавил во полицијата дека ја пронашол неексплодираната граната во населбата Ајдучка Чешма.
– На 30 октомври, годинава во 16:57 во СВР Куманово, А.М. од Куманово пријави дека во населбата „Ајдучка Чешма“, пронашол неексплодирана минофрлачка граната од Втората светска војна со калибар 82 милиметри, соопшти полицијата
Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.