На 09.06.2022 во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 12.00 часот со закана ја земал неговата поранешна 35-годишна девојка од Куманово од домот во кој живеела во Скопје и со возило ја однел во неговиот дом во Куманово и ја задржал спротивно на нејзина волја.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.