понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Кумановец уапсен во Скопје, фатен додека крадел

Кумановец уапсен во Скопје, фатен додека крадел
илустрација

Полициски службеници од Полициската станица Карпош денеска во 02.50 часот на ул.„Борка Талевски“ во Скопјего лишиле од слобода М.З.(30) од Куманово.

-Тој бил затекнат при обид да изврши кривично „тешка кражба“ во помошен објект од куќа сопственост Б.Ј.(42) од Скопје, информираат од полицијата.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.