На 19.11.2022 во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Л.(34) од Куманово.
Тој се сомничи дека на 18.11.2022 година одзел повеќе предмети од паркирано патничко возило „фолксваген амарок“ на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово. Ј.Л. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.