СВР Куманово поднесе кривичнa пријавa против Д.М.(61) од Куманово и против правно лице од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“ од Законот за девизно работење.
Првопријавениот, регистрирал фирма-менувачница, по што спротивно на член 36 од Законот за девизно работење, вршел откуп и продажба на странски пари и чекови кои гласат во странска валута од странски и домашни лица без да поседува согласност и решение од Народна банка на РСМ.