СВР Штип поднесе кривична пријава против С.В.(39) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.
На 21.11.2022 на експресниот пат Штип-Велес, кај населбата „Три Чешми“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „сеат“, кое го управувал Р.С., при што пронашле и одзеле марихуана и кокаин, кои пријавениот ги набавил и му овозможил на Р.С. да користи од нив.