недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Купил накит од крадец, двајцата добија кривични

Купил накит од крадец, двајцата добија кривични

СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Е.(37) од Битола, осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“ и против Ш.Н.(31) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

На 29.08.2022 на ул.„Сутјеска“ во Штип, Р.Е. одзел накит од вратот на М.Н. од Штип и на 30.08.2022 на ул.„Славчо Стојменски“ во Штип физички ја нападнал С.Н. од Штип и ѝ одзел златен накит што го носела.

На 30.08.2022, Ш.Н. во неговиот дом во Штип, од Р.Е. купил дела од накитот и покрај тоа што знаел дека потекнува од кривично дело.