Полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода А.Д.(19) и Д.А.(22), двајцата од Пробиштип поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело”.
Имено, на 01.10.2019 во Полициската станица Пробиштип, А.Д., вработен во АД „Пошта на Северна Македонија“ – Пошта Пробиштип, лажно пријавил дека околу 08.40 часот во близина на „Аква парк“ во Пробиштип непознат сторител физички го нападнал и му одзел пари.
По преземени мерки и судска наредба, на 03.10.2019 полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес на три локации во Пробиштип, при што биле пронајдени парите, како и амфетамин.
Во врска со овој настан, на службен разговор во Полициската станица Пробиштип бил повикан и Б.З.(26) од Пробиштип.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.