вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ловџија пукал во берач на шумски плодови

Ловџија пукал во берач на шумски плодови

Вчера околу пладне во атарот на селот Будинарци-Берово, кај месноста викана Лесова ливада, И.П. (36) од Будинарци, бил на лов и испукал сачми во берач на плодови.

И.П. забележал раздвижување на гранките на смрека, при што се посомневал дека се работи за дивеч, испукал еден истрел во воздух, а потоа вториот истрел го насочил кон смреката.

Веднаш по истрелот, И.П. слушнал вресок, при што кај смреката го затекнал С.К. (63) од Будинарци, кој во моментот собирал плодови. С.К. се здобил со повреди од сачмите во пределот на двете нозе и е надвор од животна опасност.