среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ловец повреден со ловечка пушка, приведен човекот со кого ловеле заедно

Ловец повреден со ловечка пушка, приведен човекот со кого ловеле заедно

На 08.12.2022, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Г.И.(37) од с.Злетово, пробиштипско, затоа што околу 13:30 часот во атар на с.Лесново, пробиштипско, на место викано Голак, додека биле на лов со Ј.К.(56) од с.Злетово, го повредил со ловечка пушка.

Пушката била одземена за понатамошна постапка, а повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.