вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ловеле во време на забрана: Две лица ќе одговараат за незаконит лов

Ловеле во време на забрана: Две лица ќе одговараат за незаконит лов

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Ј.(36) и А.М. од Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.

На 26.09.2021, пријавените неовластено ловеле во време на забрана за лов на место викано „Кенев рид“, атар на с.Спанчево. Притоа, од пријавените биле одземени две парчиња еднострелно долго огнено оружје, и тоа ,,Баикал” калибар 12 GA и „Застава M-75” калибар 12 GA, репетирачко долго огнено оружје ,,Zastava М-70” калибар 30-06 и две дозволи за оружје.