среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Македонци ќе одговараат за обид за убиство: Крвава пресметка во Хрватска

Македонци ќе одговараат за обид за убиство: Крвава пресметка во Хрватска

По тепачка меѓу двајца државјани на Македонија и тројца хрватски државјани во Умаг на бензинска пумпа на 13 ноември, државното правобранителство на Пула покрена истрага против нив, квалификувајќи го делото како обид за убиство, извести тамошното Државно правобранителство, јавуваат хрватските медиуми.

Имено, постои сомнение дека 32-годишен и 38-годишен државјанин на Македонија околу 2 часот по полноќ физички нападнале тројца Хрвати на паркинг на бензинска пумпа во Умаг. Првопријавениот, 32-годишен маж со македонска патна исправа, со остар предмет во пределот на градниот кош избодел 25-годишник и 29-годишник, при што двајцата се здобиле со тешки телесни повреди, пренесе Локално.

Обвинителството на округот Пула-Пола побарало од судијата да му одреди мерка притвор на 32-годишниот Македонец, а на второобвинетиот му одредило мерки на претпазливост и забрана да се приближува и да воспоставува контакт со сведоците и оштетените.