четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Македонци приведени и ставени во притвор во Србија: Познати нивните идентитети и делото кое го направиле

Македонци приведени и ставени во притвор во Србија: Познати нивните идентитети и делото кое го направиле

Српката полиција приведе двајца државјани на Македонија, М. J. (1975) и А. J. (1992), со пребивалиште во Темерин (Војводина), под сомнение дека сториле кривично дело непостапување според законска регулатива за време на епидемија, соопштија од министерството за внатрешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, двајцата Mакедонци се сомничат дека во својот локал во Темерин им служеле пијалоци на гостите, со што ги прекршиле прописите за работа за време на епидемија.

Ним им е одреден притвор до 48 часа, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави до Основното јавно обвинителство во Нови Сад.