Во сојузниот суд во Бруклин, македонскиот државјанин Џеваир Аметовски е осуден на 90 месеци затвор, откако претходно се изјасни за виновен за кражби на идентитет.
Овие злосторства биле поврзани со работата на Аметовски на „Codeshop“, веб-сајт кој тој го создаде со единствена цел да продава украдени податоци за кредитни и дебитни картички, акредитиви за банкарски сметки и лични информации за идентификација.
Судијата му нареди на обвинетиот да врати 250.000 американски долари и да плати надомест во износ што треба да го утврди Судот подоцна. Аметовски беше уапсен во Љубљана, Словенија, во јануари 2014 година и беше екстрадиран во САД во мај 2016 година.
-Аметовски користеше мрежа на онлајн разменувачи на пари и анонимни дигитални валути, вклучувајќи го и Биткоин, а со веб-страницата „Codeshop“ успеа да ги скрие сите идентитети на учесниците, вклучувајќи го и неговиот. Преку шемата, Аметовски тргуваше и продаде податоци за кредитни и дебитни картички од повеќе од 1,3 милиони картички, велат од Одделот за правда на САД.