петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Македонец уапсен во Јагодина: Во неговиот автомобил пронајдени хероин и марихуана

Македонец уапсен во Јагодина: Во неговиот автомобил пронајдени хероин и марихуана
ФОТО: СРПСКО МВР

Припадници на српскосто министерство за внатрешни работи во Јагодина приведоа македонски државјанин А.А.(41) поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

– Полицијата денеска во Параќин во автомобил „голф“ со регистерски таблички на Република Северна Македонија, управуван од страна на осомничениот, полицијата пронашла две пакетчиња со супстанца слична на хероин со вкупна тежина од 1.022 грама и една кеса со помала количина супстанца слична на марихуана, пренесуваат српските медиуми.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.