Тројца во три одделни несреќи.
Имено, на 20.04.2018 година во 20,50 часот во Скопје пријавено е дека на улица „Методија Шаторлов Шарло“ од балкон паднал Ѓ.Ч.(52) од село Велгошти, охридско. Од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот, се работи на расчистување на случајот.
На 20.04.2018 година околу 18,40 часот во Прилеп на улица „Василе Павлоски Џгуре“ во сопствената гаража, М.Ќ., при изведување механичарски работи на патничко моторно возило “Голф“ со прилепски регистарски ознаки сопственост на друго лице, кое било дигнато на дигалка, во еден момент истото паднало врз М.Ќ. и го потиснало. Во Градска болница Прилеп кај лицето била консртатиран смрт. Извршен е увид на местото на настанот.
Исто така на 20.04.2018 година во 22.00 часот во Скопје на улица „Максут Садик“ пријавено е дека додека С.А.(70) од Скопје, се движела по улицата и се слошило и паднала. Од страна на доктор од екипата на Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на почината ќе биде дадено на обдукција.