вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Македонски државјанин приведен во Бургас: Во камион превезувал повеќе од стотина илегални мигранти

Македонски државјанин приведен во Бургас: Во камион превезувал повеќе од стотина илегални мигранти

Полицијата во бугарскиот град Бургас денеска приведе македонски државјанин под сомнеж дека со камионот што го управувал превезувал повеќе од стотина илегални мигранти по потекло од Авганистан.

Како што јави БТА, портпаролката на Регионалната управа на полицијата во Бургас, Цветелина Рандева информира дека возачот на камионот е идентификуван како 60-годишен македонски државјанин.

Тој заедно со мигрантите бил приведен утрово во Бургас околу 06:45 часот по локално време (05:45 часот по македонско време).

Според Рандева, мигрантите, сите мажи, биле натоварени во камионот во реонот на Дебелт, од каде тој се упатил кон Бургас.

По пристигнувањето во Бургас камионот бил запрен од полициски службеници, кои ги откриле мигрантите во возилото.

Во врска со случајот бугарската полиција повела предистражна постапкa. (МИА)