На 19.08.2021 во 18.10 часот на пат во с.Црнилиште, прилепско, патничко возило „рено меган“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(48) од Скопје удрило во малолетен велосипедист од с.Црнилиште.
-По незгодата велосипедистот е пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.
Увид на лице место извршила увидна екипа на полициска станица Прилеп.