четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетничка од Струмица физички малтретирана од свои врснички

Малолетничка од Струмица физички малтретирана од свои врснички

На 03.09.2022 околу 18.00 часот во Струмица од полициски службеници од СВР Струмица приведени се 17 годишна малолетничка, С.Р.(18) и С.П.(20) од струмичко (сите три женски лица) откако било пријавено дека на 02.09.2022 околу 20.00 часот во стан во Струмица противправно ја држеле и физички и со употреба на остар предмет нападнале малолетничка од Струмица.

По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.