среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетничка со нож ја нападнала мајка си

Малолетничка со нож ја нападнала мајка си

Вчера околу 18:30 часот во дом на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, малолетничка со остар предмет ја нападнала својата 38-годишна мајка и ѝ нанела повреди.

Полициски службеници и претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, во координација со Јавен обвинител за малолетници, излегле на местото и, по преземени мерки, малолетничката и нејзината мајка биле сместени во здравствени установи за понатамошно лекување.