петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МАЛОЛЕТНИЧКА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА: 34. годишник со Ауди удрил во малолетен пешак, девојчето пренесено во болница

МАЛОЛЕТНИЧКА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА: 34. годишник со Ауди удрил во малолетен пешак, девојчето пренесено во болница

Малолетно девојче пешак е тешко повредено во сообраќајна незгода вчера во Тетово. Таа се движела пеш по улицата „Железничка“, а во неа удрил возач на ауди.

-Околу 12:45 часот, на улицата „Железничка“ во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот С.И. од тетовска Голема Речица, удрило во малолетен пешак и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.