На 06.10.2021 во 23:05 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на крстосницата од бул .„Браќа Ѓиноски“ со ул.„101“, патничко моторно возило “хјундаи“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.У.(57) од Гостивар, удрило во паркирано товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило, констатирани во Ургентниот центар Гостивар.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.