Според Билтенот за дневни настани на МВР, на 08.09.2020 во 01:10 часот на улица „Пелинце“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишна малолетничка од Скопје поради тоа што кај неа била пронајдена прашкаста материја.
Таа била приведена во полициска станица и со неа бил извршен разговор во присуство на родител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Исто така, на 08.09.2020 во 00:45 часот на ул.„Венјамин Манчуковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и во присуство на родител со него бил извршен разговор. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.