Вчера во 19:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во забавниот парк пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, помеѓу булевар „8-ми Септември“ и булевар „Илинден“, четири непознати лица извршиле разбојништво врз 17-годишник од Германија и 13-годишник од Скопје.
Според пријавеното, сторителите со закана им одзеле два мобилни телефони.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.